Инцидент во Бисер – 300 ученици се собраа на договорена тепачка, полицијата спречи ескалација

Од:

Огромен број на ученици, се собраа вечерва во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром на „договорена тепачка“.

Според очевидци кои не контактираа на „договорената тепачка“ се појавиле повеќе од 300 деца, за среќа полицијата брзо реагирала и ги растерала групите со што спречила да дојде до поголем инцидент.

Од фотографиите може да се забележи дека се уште има големо полициско присуство околу трговскиот центар, но и присуство на помали групи ученици.

„Договорените тепачки“ се повеќе земаат замав. Во изминатиот месец на неколкупати групи се пресметувале во Дебар маало, а видео од овие инциденти беше објавено и на социјалните мрежи.

Родителите се загрижени за ваквиот тренд, и стравуваат дека на крајот ќе настрада некое дете.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби