ОБНОВЕНО: ЕВН – Во Велешта се краде до 60 % електрична енергија

Од:

Од пред еден час цело Велешта нема струја. Жителите на ова струшко село се на координација со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и со претставници на ЕВН од Струга.

Од тоа што ќе се одлучи ќе зависи какви активности ќе преземат ќителуте кои синоќа протестираа пред зградата на ЕВН во Струга.

Од ЕВН Македонија велат дека во Велешта биле спречени да реализираат инвестиционен проект кој значи реконструкција на нисконапонската мрежа, на преоптоварените трафостаници, како и дислоцирање на броилата на граница на приватен имот.

„За жал, на екипите на ЕВН им беше оневозможено да си ја завршат обврската согласно добиените дозволи од локалната власт и согласно Законот за енергетика. Во меѓувреме се случи и дефект на една од преоптоварените трафостаници од која се снабдуваат 170 корисници и во моментот се без електрична енергија. ЕВН е спречена да го санира дефектот, а воедно и да ја реконструира мрежата на таа напојна точка, за да не дојде до поголем проблем во системот.

– Наспроти тоа, организирана група граѓани доцна синоќа насилно провалија во централаната зграда на ЕВН во Струга, демолирајќи дел од мебелот и опремата, со што е оневозможено нормалното работење на КЕЦ Струга. Со асистенција на полицијата, толпата се разотиде околу 2 часот по полноќ. Инаку, кражбите на електрична енергија во Велешта достигнуваат до 60%, а со отпорот за реализиарње на инвестициониот проект, мештаните само покажуваат дека не сакаат да се стави ред во мрежата“, реагираат од ЕВН.

Инцидент пред ЕВН Струга

Жителите на Велешта синоќа револтирани што немаат струја, влегоа во Управната зграда на ЕВН, а обезбедувањето реагираше да не дојде д поголем инцидент. Искршени се стаклата на влезната врата, искинати се кабли и искршени апарати во внатрешноста на објектот.

Жителите рано изутрина го прекинаа штрајкот пред зградата на ЕВН во Струга, а за денеска во 11 часот најавија итен состанок на месната заедница од селото со жителите. Според информации од таму, ќе се разговара за понатамошните чекори и мерки кои ќе бидат превземени во однос на проблемот со електричната енергија во селото. Инаку во дел од селото струја нема речиси 60 часа. Дел од жителите на Велешта утрово се на средба со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Жителите на Велешта за А1 изјавија дека доколку не се изнајдат механизми за надминување на проблемот, протестите ќе продолжат и денеска пред зградата на ЕВН во Струга.

Според нив не се работи за неплатени сметки туку за некој проект на ЕВН кој бил реализиран и во некое од скопските села, па немало струја цела недела. Полицијата синоќа ги убедуваше жителите да заминат и ги уверуваше дека е дефект и дека истиот ќе биде брзо отстранет.

Би можело да ве интересира

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

Четворица повредени со сообраќајка во Охрид

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Предраг Петровиќ

Љутков: Во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам

A1on