Инцидент на свадбена веселба во Полог

Од:

Полициски службеници на СВР Тетово на 18.8.2022 околу 23.30 часот во тетовско Седларево, го лишиле од слобода А.А.(60) од ова село, поради сомнение дека претходно, на свадбена свеченост, организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир.

Набрзо, повеќе лица кои присуствувале на свеченоста спречувале полициски службеници во вршење на службените дејствија, по што А.А. бил донесен во Полициската станица Тетово и му бил одземен пиштол „ЦЗ“ со рамка со 6 куршуми калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Спречена трагедија во Нови Пазар: Нарача убиство од затвор, егзекуцијата e спречена во последен момент

ВИДЕО: Масовна пукотница на парада во Луизијана: Mногу повредени, потрагата е во тек

Пет лица се повредени во пукотница во Берлин

Пукање во Чешка: Двајца убиени, четворица ранети во градот Хрибска

Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција