Во спортската сала А1 Арена – Борис Трајковски вчера започна вакцинацијата на пратениците со вакцината „Спутник В“, додека паралено продолжи и вакцинацијата на постарите граѓаните.
Околу 26.000 дози од вакцината „Фајзер“ и 200.000 на „Синофарм“ ќе стигнат во земјава до 28 април, а имунизацијата поинтензивно ќе продолжи да се спроведува по велигденските празници најавија здравствените власти.
Во текот на вчерашниот ден вакцина против Ковид-19 примија поголемиот дел од паратениците. По Велигден ќе се вакцинираат и владините претставници.