А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Имињата за реконструкција на Владата денеска ќе бидат доставени во Парламентот

by А1он22/05/2018 - 09:07118
Share0

Премиерот Зоран Заев денеска до Собранието на Република Македонија треба да ги достави предлозите за реконструкција на Владата.

Добивај вести на вибер

– Биографиите на новите министри, заменици и директори ќе бидат навреме поднесени до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница за да се докомплетира Владата, изјави Заев вчера пред Кривичниот суд.

Минатата недела премиерот најави дека нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

– Имаме постигнато договор со БЕСА на пратеникот Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој делуваше независно во изминативе месеци, изјави Заев.

Тој додаде дека дека Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции.

Како што објавија медиумите извесно е заминувањето на Рената Дескоска од Министерството за образование и наука во Министерството за правда.

Дескоска вчера одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира шпекулациите за нејзиниот трансфер во Министерството за правда, рече „мислам дека толку се интензивираа што веќе денеска не се ни на ниво на шпекулација“.

sobranievlada

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 14:12

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:1823/03/2026 - 14:18

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто