Именувани в.д. директорите на сите образовни институции во општина Гостивар

Од:

На прес конференција, портпаролот на Општина Гостивар – Јасин Демири, ги објави имињата на новите в.д. директори на соодветните образовни установи во општина Гостивар.

„Три институции ќе продолжат да ги раководат досегашните в.д. директори, а во повеќето училишта веќе се назначени нови в.д. директори. Како што знаете, градоначалникот Арбен Таравари посети неколку училипта и доби мислење од колективот, но фактот што неколку училишта не успеаја да ги посети пред да назначи в.д. директори, не значи дека тие се запоставени“, рече Демири.

Тој информираше дека сите вршители на должност директори, ќе бидат набљудувани и од општината, и од колективот, и од родителите, и од учениците и ако се утврди дека тие не успеваат да управуваат како што треба со институцијата, на нивно место ќе бидат назначени други вршители.

„В.д. директорите имаат шестмесечен мандат и сите оние кои чесно и успешно ќе ја поминат оваа фаза, ако конкурираат на редовниот конкурс и доколку ги исполнуваат условите, ќе бидат избрани за директори со четиригодишен мандат, следејќи ги законските процедури“, подвлече портпаролот на општина Гостивар.

Во продолжение на прес конференцијата, Демири ги прочитаимињата на в.д. директорите во сите основни и средни училишта, нижото музичко училиште и во детската градинкаво Гостивар.

Следи комплетната листа на в.д. директори на јавните образовни институции во општина Гостивар:

1. ОУИсмаил Ќемали – Шпреса Усеини
2. ОУ Единство – Влера Фидани
3. ОУГоце Делчев – Сашо Шарески
4. ОУМустафа К. Ататурк – Октај Нуредин
5. ОУЧајла – с. Чајле Мевлуде Салиу
6. ОУЃон Бузуку – с. Србиново Ибиш Илјази
7. ОУФаик КОница – с. Дебреше Саније Дурмиши
8. ОУПрпарими – с. Чегране Блерим Амети
9. ОУЛириа – с. Вруток Назлије Ислами
10. ОУФорина – с. Форино Зеќије Муслиу
11. Музичко училиштеЕнвер Стафаи Бетиме Јакупи
12. Детска градинка Наташа Саздоска
13. Гимназија Дритон Имери
14. Економско училиште Јованка Огњаноска
15. Медициснко училиште Јетон Сулејмани
16. Техничко училипте Гајур Изаири

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија