Именувани нови в.д. директори на едно средно и три основни училишта во Прилеп

Од:

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, според Законот за основно и средно образование денеска на 06.11.2017 година именува в.д. директори на СОУ гимназија „Мирче Ацев“ и на три основни училишта : ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Рампо Левката“ и ООУ „Кирил и Методиј“ во н.м. Канатларци.

За в.д. директор на гимназијата „Мирче Ацев“ е именуван Димче Настоски, кој го замени Кире Николоски, кој пак си поднесе лична оставка и беше разрешен на 18.10.2017 година од претходниот градоначалник Марјан Ристески.

На ООУ „Рампо Левката“ денеска за нов в.д. директор е поставена Благица Каракашоска, која ќе ја замени досегашната директорка Катерина Чавлеска Трпкоска која си поднесе лична оставка и беше разрешена на 19.10.2017 година од претходниот градоначалник Марјан Ристески.

На ООУ „Блаже Конески“ нов в.д. директор е Весна Мојсоска, која доаѓа на местото на Марија Дулеска чиј мандат заврши на 02.11.2017 година.

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во н.м. Канатларци за в.д. директор е именуван Бајрам Јусуфоски. Претходно директор во ова училиште беше Влатко Кузманоски на кого мандатот му заврши на 02.11.2017 година.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај