Именуван в.д. директор на Финансиската полиција, Муареми е разрешен

Од:

Инспектор кој работи во Финансиската полиција е новиот в.д. директор на оваа институција. Владата на денешната седница, по предлог на комисијата за кадровски прашања, го разреши Арафат Муареми од функцијата и го назначи Горан Иванов. Станува збор за кадар, предлог на СДСМ, партија која според коалициските договори си го задржа ресорот.

Со именувањето на Иванов, извиси можноста Аднан Џаферовски да биде нов директор на Финансиската полиција. Тој беше еден од фаворитите за кои во СДСМ се зборуваше дека може да биде предложен за директорскатае функција.

На Муареми му истече мандатот во април, а остана како вршител на должноста директор. Откако обвинителката Вилма Русковска беше суспендирана поради кривичната пријава поднесена од Муареми, тој се повлече од функцијата со цел да не и попречува на истрагата.

Би можело да ве интересира

Финасиска полиција ќе ја испитува набавката на горива за ЈСП

Катерина Ѓуровски

Со лажни испратници за стари акумулатори наплатиле 350.000 евра

Катерина Ѓуровски

Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Акција на Финансовата полиција и МВР во Битола, има уапсени

Финансиската полиција поднесе кривични пријава против претседател на Управен одбор и три службени лица

Oбвинителството ги отфрли кривичните пријави против Муареми

Катерина Ѓуровски