„Имаме солиден степен на заштита“, бугарската компанија не гледа проблеми кај апликацијата за самопопишување

Од:

Бугарската компанија „Скеил фокус“ која ја изработи апликацијата за самопопишување на македонските државјани во дијаспората, за „А1он“ тврди дека софтверот е изработен според светски стандарди и согласно барањата на Државниот завод за статистика. Од компанијата тврдат дека работеле и на многу посложени апликации за разлика од оваа. Прашани зошто сервисот нема двојна автентикација за да се елиминира можноста за внесување на лажни податоци или пак, едно лице да се попише повеќе пати, тие велат дека софтверот е направен и за лица со пониска компјутерска писменост.

“’Скеил фокус’ не може да биде одговорен за погрешно пополнети податоци од самопопишувањето. Ова е одговорност на самите граѓани кои ги внесуваат нивните податоци, а тоа и е утврдено со Законот. Апликацијата не прави никакви прилагодувања или обработка на податоците внесени од страна на попишувачите. Со пријавувањето на апликацијата корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација,  и телефонски број на корисникот. Апликацијата е направена согласно барањата на Државниот завод  за статистика и е намена за самопопишување на граѓани од различни генерации и возраст, со пониска компјутерска писменост“, велат од компанијата за „А1он“.

За можноста да се попишуваат и државјани кои се во Македонија на апликацијата наменета за иселени или привремено отсутни лица преку користење на бесплатна ВПН алатка, од компанијата без конкретен одговор зошто пристапот не е целосно забранет. И тие како и Државниот завод за статистика, сметаат дека ваквото попишување не претставува дополнителен ризик за апликацијата.

„Во врска со внесувањето на податоци преку ВПН, односно прикриена ИП-адреса, самото користење на таква алатка  за пристап до апликацијата, претставува внес на неточни податоци во самопопишувањто, а тоа е спротивно на Законот и методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот, и може да подлежи на санкции. Тоа претставува лажно претставување и лажно давање податоци, бидејќи  при регистрацијата и внесот на податоците системот автоматски ја запишува ИП адресата. Внесот  на податоци за лица кои се физички лоцирани на територијата на Република Северна Македонија и внесат податоци  од друга ИП адреса преку ВПН врска на апликацијата за самопопишување, не претставува дополнителен ризик за апликацијата. Сите податоци се предмет на дополнителна обработка и споредба со претпописните бази на податоци од страна на Државниот завод за статистика согласно Законот за попис“, додаваат од комапнијата „Скеил фокус“.

Во однос на заштитата, компанијата која ја изработи апликацијата вели дека има „солиден степен“, потенцирајќи дека никој не може да го измами системот.

Апликацијата овозможува собирање на податоците, без никаква модификација или обработка. Понатаму собраните податоци, согласно законот за попис и упатството се предмет на анализа и порверка од страна на Државниот завод за статистика. Со оглед на нашето интернационално искуство гарантираме сигурно овозможено самопопишување на граѓаните кои живеат надвор од Република Северна Македонија“, велат од компанијата.

Инаку, досега преку апликацијата за самопопишување се евидентирани 99.409 лица. Преку апликацијата се регистрираат македонските државјани кои се во странство  поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Процесот на самопопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 година. Најмногу лица се регистрирани од Швајцарија, Германија и Италија.

Би можело да ве интересира

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

Орце Костов

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

Орце Костов

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

Пописот завршува, во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата и апликацијата за самопопишување на дијаспората

А1он

Попишани се 1.768.710 граѓани, оние кои не оствариле контакт со попишувачите да се јават во пунктовите за попишување во општините

А1он