ВИДЕО: Наместо само иселениците, секој може да се попишува, Симовски обвинува за упад во системот

Од:

Веб-страницата преку која треба да се попишува населението што живее во странство е со повеќе аномалии и пропусти, апелираат програмерите, но директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, тврди дека тоа не е така. Иако веб-страницата не дозволува да се попишат лица што се во Македонија, сепак, со користење бесплатна алатка за ВПН може да се пристапи до него и да се внесат податоци. Па, така, освен иселениците, преку веб-страницата може да се попишат и лица што се во Македонија.

„А1он“ успеа да пристапи до страницата. Кога пристапивме со локална ИП адреса, на веб-страницата даваше порака дека пристапот од Македонија не е дозволен. Откако искористивме алатка за користење на ВПН, што ја маскира ИП-адресата што ја користиме, ни беше дозволен пристап до формата за попишување. Во неа, можеше да се внесуваат податоци и испраќаат до Државниот завод за статистика. Често на крајот од пополнувањето на формата за попишување, веб-страницата знае и да падне, односно да не ги меморира внесените податоци.

Ваквиот проблем остава и простор некој да ја блокира базата со користење на т.н. ботови, односно внесување лажни информации. Но, за директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, тоа не е безбедносен проблем, туку удар врз системот, што се казнува. Тој тврди дека пристапот до веб-страницата преку алатки не е нејзин недостаток за попишување и дека системот е супер. Тој најави и казни за лицата што пристапувале до оваа страница со ВПН, но не знаеше да каже како ќе се лоцираат со оглед дека со алатката при пристапот веќе корисникот ја скрил својата ИП-адреса.

„Се сè регулира и се сè проверува и казнува. Тоа е кривично дело за кое е предвидено и до три години затвор. Системот е безбеден и е супер. Ова е упад, намерен, а некои сакаат да проверат и од радозналост. Но, некогаш има и намера. Имаме мерки за заштита и сè се регистрира и ќе се казнува. Јас не би можел да кажам како, за тоа има стручњаци. На крајот, водевме многу сметка за безбедноста, потрошивме премногу време и пари. Веб-страницата не чинеше ништо, мерките се прават пошироко, дополнително. Апсолутна заштита има, безбедени се податоците“, вели Симовски за „А1он“.

Во однос на укажувањата од иселениците дека веб-страницата не ги меморира податоците и дека успеваат да се попишат дури по повеќе обиди, Симовски тврди дека не е така.

„Грешка појавува ако нешто тие погрешат, тогаш ги враќа назад. На секое прашање има кратко упатство. Во текот на вчерашниот ден имаше над 10 илјади пополнети прашалници. Сите грешиме, затоа, кога ќе има грешка, системот му кажува на корисникот. Веб-страницата не паѓа“, додава Симовски.

Би можело да ве интересира

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

Орце Костов

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

Орце Костов

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

Пописот завршува, во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување во земјата и апликацијата за самопопишување на дијаспората

А1он

Попишани се 1.768.710 граѓани, оние кои не оствариле контакт со попишувачите да се јават во пунктовите за попишување во општините

А1он