Има ли компас во Министерството за одбрана?

Од:

Кој раководи и дали министерството за одбрана има единствен став за инцидентот во Слупчане?

Министерството за одбрана се огласи со соопштение, вели, нема прекршување на процедурите во Слупчане.

Сите заинтересирани институции и лица во врска со утврдувањето на дисциплинска одговорност за настанот во Слупчане, Министерството за одбрана на Република Македонија ги упатува на Законот за одбрана и Законот за служба во АРМ и нивно доследно почитување во спроведувањето и јасно истакнатите надлежности.

Доколку се достави било каква иницијатива, од Министерството за одбрана велат дека ќе ја разгледаат согласно законските прописи.

„Министерството за одбрана на Република Македонија смета дека нема прекршување на процедурите. Ставот на Министерството за одбрана е познат за настанот во Слупчане и веќе не го коментираме.-Министерството за одбрана вниманието и енергијата целосно ја фокусира на реформите на одбраната и евроатланските интеграции заради подобра иднина на сите граѓани“, стои во соопштението на МО.

Со Министерството раководи Фатмир Бесими, од коалициската ДУИ

Заменикот министер за одбрана Емил Димитриев , пак , информира дека за положувањето цвеќе на споменикот на ОНА во Слупчане има повеќе основи за поведување дисциплинска одговорност, а првите чекори веќе биле преземени.

Тој во изјава за МИА – кажа дека нарушувањето на работната дисциплина во која било институција не е дозволено и е казниво.

Вчера претседателот Ѓорге Иванов, кој е Врховен командант на вооружените сили изјави дека дал налог да се спроведе истрага и дека Генералштабот од истрагата што ја имал констатирал дека Армијата нема никаков удел во настанот во Слупчане. Тој рече дека лица од кабинетот на министерот ја злоупотребиле армиската униформа и најави дека генералштабот ќе преземе мерки против нив.Одбрана: Нема прекршување на процедурите во Слупчане.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната