Има или нема остаток од Студенчишкото блато – расправа во охридскиот совет

Од:

Една од точките која предизвика најмногу внимание на денешната седница на Советот на Општина Охрид беше предлог заклучокот за усвојување на Информацијата за текот и постапката за урбанизација на локалитетот Студенчишко блато. Опозицијата жестоко се спротивстави околу намерите за урбанизација на тој простор и ги бранеше ставовите дека природното богатство на градот по никоја цена не смее да се уништи. Она што беше интересно на денешната седница е излагањето на советникот на ВМРО – ДПМНЕ и поранешен координатор на советничката група, Дејан Пановски кој исто така се спротивстави околу намерите на власта за урбанизација на тој простор.

Пановски нагласи дека претходно се борел против минатата локална власт, но дека денеска се чувствувал најтешко зошто воопшто се расправало за природното богатство и потенцираше дека Владата има донесено заклучок во кој стои дека 4 до 5 хектари земја ќе бидат третирани како заштитено подрачје и дека студијата предвидува тие хектари да се заштитат. Пановски потсети дека токму ВМРО – ДПМНЕ во својата програма има зацртано проект за заштита на остатокот на Студенчишкото блато.

ohrid-sos

Јас сум советник од ВМРО – ДПМНЕ. ВМРО – ДПМНЕ во својата програма зацрта проект за заштита на остатокот од Студенчишкото блато и јас се уште стојам на тоа бидејќи и јас имам учествувано во изработката на таа програма. И нема да гласам за ниту еден Генерален урбанистички план или Детален урбанистички план па макар било тоа и последната седница на совет на која што ќе учествувам каде што ќе се наруши природното наследство на охридскиот регион. Никој ниту од мојата партија или било кој друг не може да ме убеди дека остатокот од Студенчишкото блато не е во функција – рече Пановски, советник од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

dejan-panovski

Советникот на ЛДП, Дејан Блажески се надева дека ќе се следат препораките на УНЕСКО и препораките на експертите. Тој обвини дека власта поканила претставници кои по налог на власта ќе објаснуваат работи за кои немаат интегрирани студии и рече дека ќе ги прочита записниците за Студенчишкото блато од компетентни луѓе кои велат дека уништувањето на блатото е сериозен проблем.

dejan-blazeski

Експертите коментираат дека уништувањето на Блатото е најсериозен проблем. Нужно, експертите коментираат дека мора да се направи, на тој дел што ќе се определи како блато, негово поврзување преку канали со езерото. Меѓутоа ние не можеме прво да градиме, па потоа да уриваме – истакна Блажески, кој потсети дека токму ова мнозинство дојде на власт најмногу преку темите за претерана урбанизација во градот.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски потсети дека Владата уште во 2012 година донела Закон за управување со природното богатство во охридскиот регион и воопшто не постапила по тој закон. Не била формирана комисија по тој закон, не бил донесен ниту план за природното богатство и сега, како што рече Стојаноски, има една конфузна ситуација.

jovan-stojanoski

Граѓаните на Охрид многу добро ја знаат историјата на Студенчишкото блато и ние не можеме да одговараме дали постои или не постои блато. За жал до сега единствено што имаме квантитативни показатели се врз основа на одредена студија што беше изработена финансирана од една германска фондација, но и тие средства пропаднаа затоа што Владата не ја усвои оваа студија и побара таа студија да биде ревидирана – рече Стојаноски.

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески потенцираше дека институцијата која била најповикана да одговори на прашањето дали има или нема блато излегла со став дека на таа површина имало само неуреден простор.

dimitar-spaseski

Во однос на Студенчишкото блато и институцијата која е најповикана да одговори на ова прашање излезе со став дека на тој ден имаме еден неуреден простор којшто на се личи освен на блато. Среќни сме што нашето делување во овие две години успеа да ги отвори видиците и еднаш засекогаш да ја надминеме бариерата дека на тој простор има функционален систем, блато во кој живее жив свет и е природен филтер на езерото. Апсолутно е неточно и невистинито дека на тој простор има организирано блато, напротив, во 70-те години според кажувањата на постарите вработени во стручните служби е започнато уништувањето на тоа блато и од денешна перспектива не може да зборуваме за блато како природен филтер на езерото. Кога зборуваме за блато треба да разговараме за ревитализација на блатото – додаде Спасески.

На денешната седница на Советот на Општина Охрид присуствуваа и претставници на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ кој се бори за зачувување на природните богатства во Охрид. Тие преку транспаренти го изразија својот револт и своето спротивставување за урбанизирање на просторот каде постои Студенчишкото блато.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари