Има и заразени кои кријат контакти, не кажуваат дека одат по веселби, а и такви кои не одговараат ни на телефон

Од:

Најмногу од заразените со коронавирусот во Скопје кажале дека се инфицирале додека биле на свадби. Втори по ред се тие кои оделе на различни забави, концерти, во ноќни клубови. Ова за „А1он“ го потврдува докторот Бесим Зеќири, според кого, зголемената фреквенција на движење и непочитувањето на мерките се клучните фактори за Македонија да има и до 400 заразени на ден. И натаму, заразените често ги кријат контактите.

„Дел од заразените биле на прослави, забави и така натаму. Во принцип одговараат на телефонските повици, но ги кријат контактите. Во ретки ситуации има и случаи каде граѓаните не одговараат на повиците за да не добијат решенија за изолација. Има ситуации каде заразените кријат дека биле на свадба или одмор, за тоа подоцна да се открие“, вели Зеќири за „А1он“.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети вели дека генерално се заразуваат на настани, а како први ги посочи свадбите. Прашан дали заразените даваат податок дека биле на забави во други градови, Мемети негира.

Владата пред два дена, на седница донесе одлуки со цел спречување на ширењето на новиот бран Ковид-19.

„До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила. За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи. Од 15 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип. Од 15 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст“, соопштија оттаму.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска