Има доволно вода за пиење во Крива Паланка

Од:

Жителите на Крива Паланка нема да имаат проблеми со водоснабдување и со вода за пиење, иако перидов Македонија е зафатена со топлотен бран, информира јавното претпријатие „Комуналец“.

Се очекува потрошувачката на вода за пиење да биде зголемена, но дотокот на вода во системот е доволен.

– Потрошувачката на вода нема да претставуав проблем, а не се очекуваат ниту рестрикции. Има доволно доток од изворите на Калин Камен, дури и вода на прелив, а поголемата потрошувачка може да предизвика само намален притисок во одредени реони, не и рестрикции или евентуално прекини во водоснабдувањето, изјави директорот на ЈП „Комуналец“, Крива Паланка, Томе Тодоровски.

Воедно апелира граѓаните да ја користат водата рационално и наменски, а не за наводнување.

Тодоровски најави дека градскиот базен, со кој стопанисува претпријатието, ќе биде отворен идната недела.

Би можело да ве интересира

Драган Мијалковски ќе настапи на Свечена академија во Крива Паланка по повод 24 Мај

Откриен убиецот на дедото од Крива Паланка: уапсен 27-годишник, поднесена и пријава

Санација на градскиот базен во Крива Паланка

Ана Ололовска

Во Крива Паланка се одржа манифестација „Среќна баба Марта“

Наум Локоски

Соседите на лажниот новинар на “Нетпрес” од Крива Паланка заложници на неговото дрско однесување

Кејт Мидлтон