Иљире Даути координаторка на пратеничката група на Алијансата за Албанците

Од:

Иљире Даути е избрана за координаторка на пратеничката група на Алијансата за Албанците.

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири на денешната прес-конференција во Собранието информира дека продолжуваат со работа во Собранието како посебен политички субјект.

– Ние сме изненадени од овој чекор на нашиот досегашен коалициски партнер, истакна Азири коментирајќи ја одлука на Алтернатива да се приклучи кон Владата.

Тој истакна дека во наредните денови претседателството на партијата ќе преземе став како ќе поставува околу коалцијата што ја имаат со Алтернатива на локално ниво.

Инаку, вчера пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи на својот фејсбук-профил објави дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски