ВИДЕО: Илјадници средношколци се собираат пред Собрание

Од:

Средношколците од повеќе училишта од Скопје масовно се собираат пред Собранието. Пораките на нивните транспаренти се „Реформите се топ – априлилили“, „Ќе паднам матура, заедно со системот“, „Матеисти сме, не веруваме во математика“, „Стоп за лошите реформи“, „Реформи без квалитет, образование, без успех“.

Како што изјавија учениците, за А1он, утрово во некои од средните училишта им било прочитано соопштение, дека предметот математика нема да биде задолжителен за матурата, освен за Техничките факултети.

Ова доаѓа откако вчера МОН се сретна со Средношколската унија и ги договори овие промени во Законот за средно образование, но средношколците и Средношколскиот пленум, не ја признаваат Средношколската унија како нивен претставник и овој договор го оценија како обид да се спречат протестите на средношколците.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз