Илјадници граѓани тргнаа кон Скопје

Од:

Над 2.000 жители на Битола изутрина тргнаа за граѓанскиот протест во Скопје,што ќе почне во 14 часот пред Владата. Битолчани не можеа да тргнат накај главниот град откако превозниците кои беа договорени, вчера им ги откажаа услугите. Од Битола се тргнати над 300 приватни автомобили, а превоз вршат и автобуси кои биле изнајмувани во текот на ноќта и денеска од други градови.

statusKovacevski

– Повеќе од 2000 Битолчани се на пат за Скопје. Ниту закани и притисоци не можат да те спасат Никола, напиша на својот профил претседателот на ОО СДСМ, Битола, Васко Ковачевски.

Истиот проблем се појави и во Прилеп, од каде се тргнати стотина автомобили за граѓанскиот протест, а дополнително се изнајмени автобуси од други градови кои ќе вршат превоз на два пати.

Автобуси, приватни автомобили се упатија изутринава и од сите градови во земјава. Некои од автобусите се запираат од полицијата која врши проверки. Автобусите од Делчево и Македонска Каменица се сопрени веќе два пати на патот до Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите