Илиоски: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема причина за бегство, никој нема сторено кривично дело

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува судот и судиите, чесно и согласно закон да си ја извршуваат функцијата. Судот не смее да стане дел од сценариото креирано од оние кои се плашат од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и кои сакаат да го урнат последниот бедем за заштита на државата и нејзините интереси.

Барањето за притвор од страна на СЈО за раководството на партијата е со цел да се изврши притисок врз судиите да не ја поништат одлуката на првостепениот суд за мерките одземање на пасош и јавување во судот еднаш неделно. На ваков начин медиумите на СДС би добиле материјал неосновано да ги оцрнуваат функционерите на ВМРО.

Донесените одлуки за одземање на патните исправи на функционери на ВМРО се под притисок на власта. Тоа јасно се гледа во образложението на одлуките каде не е наведен ниту еден конкретен аргумент за да бидат одземени патните исправи. Токму и првичното барање за притвор е одбиено бидејќи не постои опасност од бегство, односно судот увидел дека се апсурдни, неосновани и политички барањата на СЈО.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема причина за бегство, бидејќи никој нема сторено никакво кривично дело. Обвинувањата против раководството на ВМРО се празни и без никакви докази. Тие се чист политички прогон, со цел власта да може порелаксирано да ги исполни дадените ветувања за смена на името на државата, името на јазикот, името на нацијата и воопшто идентитетот.

Намерата на СЈО е сосема јасна, а граѓаните кристално чисто ја гледаат спрегата СЈО/СДС како политичка врска за прогон на ВМРО. Целта е ВМРО да се стави во нерамноправна положба за претстојните локални избори.

Судот мора да работи исклучиво врз база на објективна оценка на доказите во законска и правична постапка која е загарантирана и согласно Устав и согласно закон, а не врз база на сугестии и притисоци.

Политички конструираните случаи на СЈО, ќе се изучуваат на сите правни факултети, како правни преседани и еклатантен пример за политички монтирани случаи. Наскоро сите инволвирани ќе се срамат од овој мрачен период на македонското правосудство.

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се дале во бегство, ниту некогаш ќе се дадат. Доколку сакале да избегаат имале безброј шанси тоа и да го сторат. Сите засегнати имаат интерес овој циркус кој го приредува СЈО да заврши што побргу и во правична и законска постапка да ја докажат вистината пред сите граѓани на Република Македонија“, изјави Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ