Илиоски: Новите вработувања на владата се на лица без квалификации, затоа сите се В.Д.

Од:

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека СДСМ системски работеле на планот за полнење на државната администрација со неспособни партиски кадри.

– На СДС му пречи тоа што од кандидатите за вработување во државна институција се бараат сертификат за англиски јазик и психолошки тест. Со новите измени во Законот за администрација, СДС ги укинува сите тестови и значително ги спушта критериумите, а со тоа отвора можност за целосно да ја партизира администрацијата.Владата на ВМРО-ДПМНЕ воведе услов кандидатот да приложи диплома од Тоефел или Кембриџ, каде не одлучува ни ВМРО ни СДС туку знаењето. Истите се полагаа во нивни простории низ Македонија и го гарантираат знаењето на кандидатот. Ако СДС навистина сака кандидатите да не ги плаќаат трошоците може да одвојат за тоа средства од буџетот, а не да прават местенки на од владата организирани полагања по англиски јазик, рече Илиоски.

Според него, СДСМ со измените не само што невозможувале во администрацијата да влезат најстручните и најкомпетентните, туку целосно оделе спротивно на европските стандарди. Илиоски потсети дека токму Европската Комисија активно учествувала во подготовката на законите и две години, преку пишани документи, инсистирала на нивна ригорозна имплементација забранувајќи било какви измени.

– ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и ние немаме против вработувања на позиции кои се неопходни за непречено функционирање на администрацијата. Но само под услов да се почитуваат законите и тоа да се прави во транспарентна и конкурентна процедура, во која работа ќе ја добијат оние кои за тоа се најквалификувани. За жал, од тоа што јавноста можеше да го види, во два и пол месеци од изборот на новата влада вработени се стотици и стотици лица, и тоа твитерџии, револуционери, роднини, пријатели, кумови и други, како внатрешни, надворешни, посебни, специјални и не знам какви советници и соработници. Вработени се преку скратени постапки или без никакви постапки, преку привремени вработувања и авторски договори. Замислете, стотици вработени, а ниту еден вработен по претходно спроведена мерит постапка по Законот за административни службеници. Срамно е како се изигруваат законите кои да, предвидуваат и можност за привремени вработувања, ама само за краткотрајни ангажмани, за замена на отсутни вработени или заради други слични околности или пак најмногу еден, двајца или тројца посебни советници во кабинетите на министрите до истекот на нивниот мандат, рече Илиоски.

Тој додаде дека за трагедијата да била поголема, ваквите вработувања на лица без квалификации се вршеле на секое ниво и токму затоа на последната седница на која новата влада именуваше 67 функционери и директори, немалу ниту еден кој е трајно именуван, туку сите биле назначени за вршители на должност додека ги исполнат и оние минимални законски критериуми.

– Како ќе ги исполнат ако лице со средно е избран за директор на болница каде што според закон се бара високо образование, специјалист од една област на медицината за директор на институт од сосема друга област, лица без ден работен стаж за директори на разни агенции, а законски услов е најмалку 5 години, да не зборуваме за познавање на странски јазици за функционери и директори кои на меѓународен план треба да ја претставуваат државата?, запраша Илиоски.

Тој рече дека новата влада јавно се спротивставувала на Брисел и најавила скршнување од Европскиот курс и додаде дека искрено се надева дека Европската Комисија ќе била принципиелна како и досега и ќе продолжела да инсистира на деполитизација на администрацијата.

– Казната за неодговорното однесување на СДС и хаосот што го креираат во државата ќе стигне на 15-ти октомври, заврши Илиоски.

Би можело да ве интересира

Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 33,19%, ДУИ 23,41% , Вреди 19,55%, СДСМ 11,19%, ЗНАМ 3,63%, Левица 5,08%

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе има нов претседател, ДУИ заминува во опозиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он