„Илинден“-Тирана учесник на Националниот младински конгрес на Албанија

Од:

Во Тирана синоќа заврши петтиот Национален младински конгрес на Албанија, во чија работа учествуваа претставници на младински организаци од оваа земја.

Настанот, кој траеше два дена е одржан со подршка на германската фондација „Фридрих Еберт“, а на истиот присуствуваше и Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.

– На Конгрсот учествуваа претставници на 80 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња на делување. Конгресот, на кој македонското друштво „Илинден“ е редовен учесник, е можност учесниците да се запознаат подобро,да разменат искуства и да се зајакне соработка меѓунив, пишува електронското издание на весникот на Македонците „Илинден“.

Според истот извор сите организации кои учествувале на Конгресот биле презентирани со постер во текот на Конгресот, што се одржал во Младинскот центар во Тирана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски