„Илинден“ – Тирана се приклучи кон иницијативата SafePack

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана се приклучи кон иницијативата малцински SafePack.

Кампањата за иницијативата малцински SafePack, почна во замокот Bonțida Bánffy. Повеќе од 400 луѓе од цела Европа учествуваа на настанот организиран како дел од Конгресот на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, во романскиот град Клуј-Напока.

– Ханс Хајнрих Хансен, претседател на иницијативата малцински SafePack го почна својот говор со читање на писмото на Франс Тимерманс, потпретседател на Европската комисија со кое се известуваат иницијаторите дека иницијативата малцински SafePack е регистрирана. Рече оти се надева дека оптимизмот, што ги довел до тука, ќе победи, изјавил Хансен, поранешен претседател на ФУЕН, пренесува електронското издание на единствениот весник на Македонците во Албанија „Илинден“.

Јужно тиролскиот потпретседател, Даниел Алфреидер нагласил дека во период од една година треба да се соберат милион потписи,што не е лесна задача, и аплерал до присутните да ги убедат луето во нивнте држави да покажат солидарост.

– Потпис даде и претседателот на Македонско друштво „Илинден“, Никола Ѓурѓај, кој уествуваше на конгресот. Потписите беа симболично напишани на голема карта на Европа за да покаже дека ФУЕН смета на секоја европска држава за време на кампањата за собирање милион потписи од што ќе зависи успехот на иницијативата малцински SafePack, пишува весникот.

Малцинствата ќе работат на терен во законска рамка на ниво на ЕУ за заштита на правата на малцинствата а петицијата во Европската унија ќе биде доставена во септември.

Би можело да ве интересира

На „Ќафасан“ уапсен кичевец осуден на 20 години затвор за трговија со дрога во Швајцарија

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови

ВИДЕО: Пред мечот Албанија-Србија во Тирана повторно сцени со кинење знамиња

Предраг Петровиќ

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија