„Илинден“ ги повика Македонците да испишат историја на изборите

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и органокот за Голо Брдо, искажуват целосна поддршка за македоснката партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за прртстојните парламентарни избори во Албанија.

– Ги повикуваме Македонците да го дадат својот глас за кандидатот на македонската партија, Васил Стерјовски, кој е на кандидатската листа за округот Корча, на партијата Движење за социјалистичка интеграција(ЛСИ) со која МАЕИ е во коалиција. Да го дадеме нашиот глас и да испишеме историја и по првпат да имаме пратеник Македонец од нашата партија, порачува друштвото во соопштение за јавноста.

Сите Македонци во Албанија, стои понатаму, независно од политичката припадност, да не дозволат да бидат заплашувани, туку масовно да излезат и да го заокружат бројот еден на гласачкото ливче зашто „гласајќи за Стерјовски и ЛСИ гласаат за подобро утре“.

– Време е Македонците во Албанија да бидат претставени во Парламентот на Албанија. Договорот на МАЕИ со ЛСИ ќе овозможи интеграција на Македонците во институциите на власта, економски развој на областите каде што живеат Македонците, Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и цела Албанија, заштита на македонскиот јазик, култура и обичаи, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на „Илинден“ Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот Или Халилај.

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 25 јуни. МАЕИ настапува во коалиција со ЛСИ на новоизбраниот албански претседател Илир Мета, кој вети целосна интеграција на „припадниците на прекрасната македонска заеднца“ во албанските институции на сите нивоа.

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски