Илијев: Демократски да ја избереме новата локална власт

Од:

Водејќи позитивна кампања сметам дека изградивме позитивен амбиент и предизборна клима различна од досегашните, атмосфера во која зборуваме со граѓаните за потреби и проекти, за почит и еднаквост. Затоа повикувам, позитивниот амбиент пред изборите да продолжи и за време на гласањето и по него. Мирно, фер и демократски да ја избереме новата локална власт, изјави денеска кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата „Живот во Македонија“, Николчо Илијев.

Ние ја носиме историската улога, истакна тој, за да придонесеме за помирување на граѓаните и за намалување на поларизацијата на политичките партии.

– Да придонесеме за подобро севкупно живеење во нашата општина. Верувам во вашиот правилен избор. Верувам дека сите сте за повеќе пари кај граѓаните, отворена и услужна општина, ефикасно управување со средствата и услугите. Сите сте за повисоки плати, квалитетно образование, чиста и здрава животна средина, за поддршка на младите, на спортот и културата, за подобар живот на земјоделците и на пензионерите, додаде Илијев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски