„Само со визија, стратегија и акција ќе стигнеме до целта, само така сите сложно ќе си го изградиме Куманово и сите населби. Сега ни е шанса да си го изградиме Куманово какво сите ние го сакаме“- порача Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Куманово од СДСМ и коалицијата на мини митинг во населбата Тоде Мендол во Куманово.
Во присуство на претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателот Оливер Спасовски и пратениците од Куманово, Илиевски вети изградба на водоводна и канализациска мрежа.
„Ќе ги асфалтираме улиците и за четири години повеќе нема да разговараме за овој проблем, не може во 21-ви век да разговараме за основни услови за живот и не застануваме тука. Ќе изградиме нова гимназија и техничко училиште сите деца треба да учат во нормални услови, а ќе изградиме и градинка во Тоде Мендол“, рече Илиевски.
„За решавање на проблемот во сообраќајот ќе ја приклучиме улицата Тоде Мендол со автопатот. Тоа го разговаравме со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и транспорт и врски Благој Бочварски, ќе направиме клучка и ќе го растеретиме сообраќајот за граѓаните да не заобиколуваат да стигнат до автопатот“.
„Не застануваме тука ќе изградиме модерно мултифункционално игралиште, шеталиште ,, Поток Серава“, парк, тротоари и улици, а Тоде Мендол ќе биде урбана и модерна населба, а Куманово за четири години ќе биди чист, зелен, модерен европски град каков сите ние заслужуваме“, порача Илиевски од Тоде Мендол.