Илиевски: Избегав од Чешка поради притисокот од Сашо Мијалков

Од:

„Главната причина зошто избегав од Чешка беше координираната активност на шефот на македонската тајна полиција, Сашо Мијалков, со неговите „пријатели“, кои се мошне добро организирани во Чешка“, изјави за денешен Фокус, поранешниот амбасадор во Чешка, Игор Илиевски.

Комуникацијата со Илиевски е направена преку интернет.

Илиевски потсетил дека на 17-ти септември 2012 му бил киднапиран синот, и како главен иницијатор на оваа случка се посочува чешки адвокат кого на прекар го викале „Адвокатот на ѓаволот“.

На прес конференција обвини дека бебето му го зела сопругата со помош на адвокатска канцеларија и агенција за обезбедување.

За Фокус, Илиевски тврди дека Мијалков вршел огромен притисок врз министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и врз претседателот Ѓорге Иванов, за да ги тргнат рацете од случајот, а како што вели, главните причини за саботажата што ја направил шефот на УБК биле од геополитички карактер и поради лични економски профити спротивни на надворешно-политичките приоритети на Македонија.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница