(ВИДЕО) Илиевски: Градоначалникот на Битола ја донесе општината на работ на банкрот

Од:

„ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски ја донесоа Битола на работ на банкрот! За една и пол година Коњановски потроши околу 50 милиони евра, а општината нема пари за ништо! Коњановски противзаконски ги зголеми и даноците на имот за 300 отсто, но пак нема пари во касата за ниту еден од проектите што ги ветуваше!“, рече Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.

„Прашањето е каде завршија парите на битолчани?

Зошто нема пари за прифатилиште за бездомни животни, нема пари за спортски комплекс, немаат пари за планинарскиот дом Копанки?

Но, затоа имаме многу примери каде стотици илјади денари се делеа кај сопартијци и роднини.

Ситуацијата во речиси сите битолски јавни претпријатија и установи е катастрофална. Директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на градоначалникот Тони Коњановски сместени во директорсктие фотелји и во управните и надзорните одбори!

Комуналец е над 40 милиони денари во минус!

Водовод е во минус од 21 милион денари!

Паркинзи во минус од над 1 милион денари!

ВМРО-ДПМНЕ ја заглави конзулска Битола.

Ова се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата од народот. Катастрофа.

Заради ваквото недомаќинско работење ВМРО – ДПМНЕ ја загуби поддршката во Советот на Општина Битола.

Разрешување на оние кои се причина за оваа состојба во управните и надзорните одбори на шест битолски јавни претпријатија значи одговорност пред граѓаните.

Јавните претпријатија мора да ги управуваат домаќини и еснафи луѓе кои ја сакаат Битола.

Надпартиски стручни луѓе во управните и надзорните одбори е вистинско решение“, изјави Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски