А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Илдем: Ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО тече без пречки

by А1он01/10/2019 - 16:1101/10/2019 - 16:13450
Share0

– Лично бев сведок на Самитот во Букурешт и оттогаш членството во НАТО ми стоеше како незавршена работа. Навистина ми е мило што сега можам да посведочам за позитивни случувања во таа насока, рече Таџан Илдем помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО на дебатата насловена „Западен Балкан: Напуштајќи ги ривалствата и несигурноста“ во рамки на Самитот на „Економист“ што се одржува во Скопје, осврнувајќи се на очекуваното членство на Северна Македонија во Алијансата.

Добивај вести на вибер

Според него, Северна Македонија започна едно неверојатно патување кон европската и трансатланстката интеграција, кое го одбележа и храброста и ангажамот да се реши прашањето со името кое долги време ве задржуваше во напредокот, а НАТО исто така си го одржа зборот и ветувањата дадени во Букурешт беа испочитувани.

– Со задоволство го очекуваме завршувањето на процесот на пристапување на РСМ и мислам дека навистина имаме направено добар напредок. Дваесет и две држави членки од 29 веќе го ратификуваа Протоколот за пристапување во НАТО. Штом сите држави ќе го ратификуваат и ќе го достават инструментот за ратификација тогаш процесот ќе биде завршен и ќе и посакаме добвредојде на Северна Македонија како 30-та земја членка на Алијансата. Ова е многу важно да видиме дека НАТО има политика на отворени врати и дека таа навистина се применува во пракса. Важно е и што тоа ќе се случи на 70-та годишнина и што и по 70 години привлекува внимание на многу држави кои сакаат да се придружат со тоа што придонесуваат за нашата колективна безбедност и одбрана, но имаат и придобивки од тоа, вели Илдем.

Процесот на ратификација на Протоколот за членство во НАТО, според Илдем, тече без пречки, но во зависност од политичките збиднувања во одредени држави, тоа може да доведе само до календарско поместување во однос на приемот во членство.

Во однос на регионот на Западен Балкан, тој рече дека може да се опише како предел кој навистина се менува, меѓутоа, се уште има работа која што треба да се заврши за да бидеме сигурни дека позитивните промени не може да се вратат назад и дека регионот ќе го фокусира целото свое внимание на просперитет и на развој, а не да живее во страв од конфликт. – НАТО и државите членки ќе продолжат да придонесуваат за оваа цел, порача помошник генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО, Илдем.

makedonijanato

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 16:37

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 15:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Горан Наумовски05/03/2026 - 07:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен