Иларион со поддршка на Агатангел за протестите против уривањето црква во Скопје

Од:

Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион му даде поддршка на митрополитот на Повардарската епархија господин Агатангел, кој учествуваше во протестите против уривањето на црквата „Свети Константин и царица Елена“ во Скопје.

– Владиката Агатангел е потполно во право, затоа што владиката Агатангел дал заклетва дека ќе го чува и пази својот народ, ќе се моли за својот народ. Но, исто така ќе се грижи и за својата црква, но не само дека е православен епископ, знаеме дека тој е и по националност Македонец. Тој е должен да се грижи и за светата вера, но и за својата татковина Република Македонија. Тоа е должност на секој епископ да се грижи покрај за духовните работи и за националните, бидејќи знаеме дека низ вековите до денес мајката црква не зачувала и благодарение на мајката црква ние сме тоа што сме и владиката Агатангел пак ќе речам е во потполно во право, бидејќи тој беше во одбрана на својата црква , на својот народ и на својата татковина Република Македонија, рече владиката Иларион.

Тој денеска во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип одржа свечена литургија по повод неделата на слепиот, кој во православната црква се чествува петта недела по воскреснувањето на Исус Христос.

На литургијата присуствуваа и членовите на Здружението на слепи лица од Штип, а нивниот претседател Драги Витанов најави дека ова чествување на празникот ќе стане и традиционално. Покрај тоа што Здружението на слепи лица во Штип имаат поддршка од Брегалничката епархија, тие велат дека поддршка ќе добијат и од градоначалникот, Илчо Захариев со кој очекуваат да остварат и одредени проекти.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите