Иконому: Наивни и површни ставовите дека Договорот од Преспа ќе беше пречка за соработка на Турција со С. Македонија

Од:

Во пракса се покажува дека се наивни и површни ставовите дека Договорот од Преспа ќе претставуваше пречка за каква било соработка на Турција со Северна Македонија, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг со новинарите, коментирајќи го потпишаниот договорот за воена соработка меѓу Скопје и Анкара, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на договорот потпишан во Истанбул, Иконому потенцираше дека станува збор за две земји членки на НАТО.

-Како што знаете нашата земја има свој одбранбен договор со Република Северна Македонија. Турција и Северна Македонија се две земји членки на НАТО. Следиме и знаеме дека овој договор беше потпишан во Истанбул на маргините на саемот за одбранбена индуситрија. Нешто што би можело да се додаде е дека во пракса, се покажува дека се многу наивни или површни оние ставови што поддржуваа дека Договорот од Преспа ќе претставуваше пречка за влезот на Турција за соработка на било кој начин со нашата соседна земја, рече Иконому.

Потпишаниот договор меѓу Северна Македонија и Турција, го коментираше и поранешниот шеф на грчката дипломатија и надлежен за надворешна политика во СИРИЗА Јоргос Катругалос, кој на „Твитер“ напиша дека „таквите договори со Грција го чекаат две години нивното гласање, а за нови не се ни споменува“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите