ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Барањето на СДСМ за техничка влада е целосно неприфатливо

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својата вчерашна редовна седница заклучи дека барањето на СДСМ за техничка влада е целосно неприфатливо.

ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од таа партија, е отворена за дискусија за прашањата кои ги адресираат политичките партии во Република Македонија, а се во согласност со принципите и вредностите на ВМРО-ДПМНЕ и со европските стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, е отворена да разговара за идеи кои се рационални и имаат реална основа да се сметаат за идеи кои би значеле подобрување на стандардите на живеење на граѓаните на Република Македонија и е отворена за разговор за идеи кои би значеле подобрување и забрзување на перспективите на Република Македонија за понатамошна евроатланска интеграција.

– Во тој контекст, ВМРО-ДПМНЕ потврдува и повторува дека е спремна да разговара на темите поврзани со имплементација на препораките на ОБСЕ во македонското изборно законодавство, околу потребните активности кои треба да ги превземат институциите за зајакнување на довербата кон избирачкиот список и е спремна да разговара за адресирање на прашањата за понатамошна регулација на медиумскатата сфера во Република Македонија согласно европските стандарди, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски