ИЈЗ: Смртните случаи од Ковид-19 зголемени за над 35 проценти во однос на минатата недела

Од:

За само една недела, од Ковид-19 во земјава починале 172 луѓе од 23 града, што е зголемување од 35,4% во однос на минатата недела, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 9 до 15 ноември.

Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години.

Зголемување има и во однос на новите регистрирани случаи. Од 9 до 15 ноември имало 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, додека неделата претходно биле регистрирани 7.280 нови случаи.

Според Институтот, регистрирани се позитивни лица на коронавирусот во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години ( 22,4%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (20,3%), 40-49 (19,5%), 50-59 (19,2%) и 20-29 ( 13,1%).

Најмал број позитивни случаи се регистрирани кај децата од 0-9 години (1,6%) и 10-19 години (3,9%).

Извештајот покажува дека речиси ист е процентот на заразени во однос на полот, односно пријавени се 3.731 (50,7%) лица од машки и 3.624 (49,3%) од женски пол.

Тестирањата за коронавирусот се зголемени за 6,4 отсто во однос на минатата недела, односно тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11.6% повеќе од минатата недела.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска