ИЈЗ: Регистрирани 73 заболени од грип

Од:

Во текот на изминатата недела (од 2 декември до 8 декември), пријавени се 73 заболени од грип, што е намалување за 33 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 109 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, како што се истакнува, пристигнати се шест материјали за тестирање на грип. Сите тестирани материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Бројот на пријавени лица изминатата недела споредено со истиот период минатата сезона (кога беа регистрирани 132 заболени) е намален за 44,7 отсто. Сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, посочуваат од Институтот за јавно здравје.

Најголем број случаи (41) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 15,5 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје во Скопје (15), а највисока неделна инциденца (36 на 100.000 жители) е регистрирана во Подрачната единица во Дебар.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 433. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат граѓаните да се вакцинираат против грип, особено лицата на возраст над 65 години, децата на возраст од шест месеци до пет години, хронично болните, бремените жени и здравствените работници.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ со препораки до населението во Гостивар

Горан Наумовски

Доктор Кочински: ЦЈЗ Тетово треба да донесе одлука за евентуално пријавување епидемија, резултатите од анализите ќе се достават до ОЈО

Горан Наумовски

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање – миење заби, раце и храна со флаширана

ИЈЗ: Стручни лица и викендов се на работа, анализираат примероци од водата во Гостивар

Горан Наумовски

ИЈЗ: Да се затворат прозорци и ролетни, да се внесуваат течности, да се избегнува престој на директно сонце

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ