ИЈЗ: Регистрирани 281 заболен од грип

Од:

Во текот на изминатата недела (од 7 јануари до 13 јануари) се регистрирани 281 заболен од грип, што е зголемување за 43,4 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 196 случаи, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 34,3 отсто споредено со втората недела од минатата сезона кога имало 428 заболени. Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Најголем број заболени (198) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 26,7 на 100.000 жители е регистрирана кај деца на возраст до четири години. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје во Куманово (39), а највисока инциденца (104,5 на 100.000 жители) е регистрирана во Подрачната единица Дебар.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 1.695.

Според податоците од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.942 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,2 отсто од вкупниот број на набавени вакцини. Од вкупниот број вакцинирани, 14.095 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ со препораки до населението во Гостивар

Горан Наумовски

Доктор Кочински: ЦЈЗ Тетово треба да донесе одлука за евентуално пријавување епидемија, резултатите од анализите ќе се достават до ОЈО

Горан Наумовски

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање – миење заби, раце и храна со флаширана

ИЈЗ: Стручни лица и викендов се на работа, анализираат примероци од водата во Гостивар

Горан Наумовски

ИЈЗ: Да се затворат прозорци и ролетни, да се внесуваат течности, да се избегнува престој на директно сонце

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ