ИЈЗ: Регистрирани 202 заболени од грип

Од:

Изминатата недела заклучно со 15 април во државава се регистрирани 202 заболени од грип, што е за 28,6 отсто намалување во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 283 заболени, се наведува во извештајот што на својата веб страница го обајви Институтот за јавно здравје.

Во текот на изминатата недела, не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип. Бројот на пријавени лица изминатата недела е поголем за 47,4 отсто споредено со истиот период минатата сезона.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 17 материјали за тестирање на грип, од кои два (11,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип A (H3).

Изминатата недела најголем број заболени лица (141) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 13,8 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Пријавени се заболени лица од 18 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (39), а највисока инциденца од 38,4 на 100.000 е регистрирана на територијата на Подрачната единица Неготино.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 21.142, а регистрирани се 28 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од пет до 86 години.

Би можело да ве интересира

Надлежните предупредуваат: До 7 август екстремни горештини – почитувајте ги мерките за заштита

Чести одмори под сенка, да се избегнува масна храна и алкохол, да се внесува доволно вода – препораки од ИЈЗ за топлото време

А1он

ИЈЗ со препораки до населението во Гостивар

Горан Наумовски

Доктор Кочински: ЦЈЗ Тетово треба да донесе одлука за евентуално пријавување епидемија, резултатите од анализите ќе се достават до ОЈО

Горан Наумовски

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање – миење заби, раце и храна со флаширана

ИЈЗ: Стручни лица и викендов се на работа, анализираат примероци од водата во Гостивар

Горан Наумовски