ИЈЗ: Нема радиоактивност во воздухот и почвата во Трубарево, ниту тешки метали во вода

Од:

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за
испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода.

Анализата на ИЈЗ се однесува на испитувањата после големиот пожар во скопско Трубарево.

„Во текот на вчерашниот ден (15.09.25) ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода.

Во текот на денешниот ден (16.09.25) ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за радиокативност во вода. Од добиените денешени резултати, ве иформираме за следното. Земени се мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb. По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстаптување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Се забалежува зголемување на 2 параметри Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата.

Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали. Исто така, во текот на денешниот ден, како што споменавме погоре во соопштението, се испита и
радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода. Институтот за јавно здравје во нај кус можен рок успеа да ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите во времето предвидено за тоа. ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни
државни институции, и за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Потврдена трагичната вест: Државјанка на БиХ загина во пожарот кај Омиш

A1on

(ВИДЕО) Гори кај Улцињ: Пожарите уништија маслинови насади, огнот се приближува до црква

A1on

Нов пожар кај Омиш кој им се заканува на Свинишќе и Подашпиље

Драма во Германија: Повеќе од 2.000 луѓе евакуирани поради пожар, пламените јазици се приближуваат кон село

Три пожари во велешко за еден ден, активен крак на пожарот меѓу Сопот и С’лп

Се гаснат шест пожари, под контрола се два