Игор Трајкоски ја презеде градоначалничката функција во општина Дебрца

Од:

Во општина Дебрца денеска беше извршено примопредавањето на градоначалничката функција по изборите на кои победи кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ Игор Трајкоски.

– Голема благодарност до граѓаните на општина Дебрца што ми ја дадоа довербата на овие локални избори за која ветувам дека ќе ја оправдам со нови дела. Тие воедно ќе бидат критичари и коректор на работата на идната локална самоуправа во текот на наредните четири години, изјави Трајкоски pо церемонија на примопредавањето на должноста одржана во административната зграда на општината во Белчишта.

Претходно во отворено писмо лиферувано преку медиумите претходниот градоначалник Љупчо Којчиноски ги информира граѓаните на Дебрца дека при примопредавањето на функцијата сметката на буџетот на општината на новата власт и се предава со позитивно салдо од 4.535.203 денари, без никакви долгови и подмирени обврски кон коминтентите.

Којчиноски ја извршуваше функцијата градоначалник четири последователни мандати односно изминатите 16 години.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?