Игор Јанушев и Сања Божиновска нови членови на Извршниот Комитет

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден одржа редовна седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„На седницата се разговараше за актуелната општествена, политичка и економска состојба во која се наоѓа државата.

Неизбежен е впечатокот дека народот ја губи државата и системот не функционира. Хаосот и безредието е стимулирано со растечкиот криминал и отсуството на правда ги нагризува темелите на државата.

Именувањето на Талат Џафери е круната на неспособноста и владеењето на беззаконието во државата. Тоа е скапата цена платена од СДС која на тој начин ја одржува власта. СДС стана малцински партнер со само 5 министри во владата со над 20 министерства.

Излезот е промена на власта, а одговорот е изборите кои ќе се одржат за помалку од 3 месеци.

Воедно, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нови членови на Извршниот Комитет ги именуваше Сања Божиновска и Игор Јанушев.

Сања Божиновска е експерт во енергетиката, која работи во Прага, има работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи.

Игор Јанушев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието. Тој е дипломиран правник“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Јанушев: По седум години политички прогон, повторно сум слободен

Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред пет дена дека убиецот е Палевски кој е поранешен функционер на СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јанушев: Власта купила систем за следење на комуникациите преку кој имаат пристап до буквално целиот интернет сообраќај во државата