Идниот месец почнува вакцинацијата за заштита на децата од пневмокок и рота вирус

Од:

На вчерашната седница Владата ја усвои Информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус. Во текот на овој месец, до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани дози од двете вакцини. Почнувајќи од јули, родителите кои сакаат ќе имаат можност да го вакцинираат своето дете. Двете вакцини се даваат во различен период, соопшти денеска Министерството за здравство.

Посочуваат дека вакцинирањето е најдобар начин да се заштитат малите деца од рота вирусот, а спречува развој на симптоми на заболувањето како: дијареа, повраќање, стомачна болка и дехидратација, ја намалува потребата од престој во болница. Со вакцината, како што се наведува, се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле (девет од 10 деца).

Чести се пневмококните инфекции во детска возраст, посебно кај тие кои посетуваат градинки. Со вакцинацијата се намалува и можноста за пренос на вирусот. Претходно прележана пневмококна инфекција не значи заштита од идни пневмококни болести. Пневмококната вакцина е најдобар начин детето да се заштити од пневмококна инфекција. Вакцинацијата е клучен приоритет и придобивка за јавното здравје и токму затоа активностите за промоција на имунизацијата продолжуваат во континуитет, истакнуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска