Идентификувано удавеното момче во Охридско езеро

Од:

„По добиеното телефонско јавување за пронајден давеник утрово во водите на Охридското езеро, СВР Охрид ги презеде сите мерки за идентификација односно утврдување на идентитетот на удавеното лице.

Александар Ѓ. (25) од кочанското село Зрновци е лицето што во безживотна состојба утрово во 07 часот и 20 минути е забележано во водите на Охридското езеро.

Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри.

На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство а во текот на денов ќе биде извршена обдукција“, се вели во соопштението на СВР Охрид.

 

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата