Ибраимовски: Иницијативи за Ден на ромскиот јазик и за студии на ромски јазик

Од:

Министерот за имплементација на Националната стратегија на Ромите во Македонија Самка Ибраимовски денеска го честиташе 7 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик прогласен 2015 година од страна на УНЕСКО и повика на зачувување на ромскиот мајчин јазик и традицијата и вредностите на ромската заедница во Македонија.

– Јазикот на еден народ е главен чинител на културниот и национален идентитет. Бројот на Роми во Европа е меѓу 12 и 15 милиони. Во повеќе од 60 проценти од земјите во Источна и Југоисточна Европа се говори ромскиот јазик, изјави Ибраимовски.

Најави иницијатива во Собранието за прогласување на 7 Ноември како ден на ромскиот јазик во Македонија, со што, како што рече, институциите ќе дадат свој придонес за подобро интегрирање на Ромите.

– Разговараме со Педагошкиот факултет да има студии на ромски јазик и сметаме дека од наредната година ќе имаме студенти магистри по романистика. Имаме поддршка од Министерството за образование, рече Ибраимовски.

На 11 ноември во Клубот на пратеници ќе се одржи свечена прослава по повод 7 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски