Самка Ибраимоски бара од власта да ги решава економските проблеми а не да носи Закон за медиуми, за кој како што вели, во овој момент на Македонија не и е потребен.
– Додека народот гладува и владее сиромаштија, беда, невработеност, акумулирани долгови, корумпирано судство, ограничен пристап до финансии и сива економија, власта носи Закон за медиуми. Подобро би било господа од власта да преземете мерки за сиромашните граѓани одошто да избегнувате одговорност за состојбата на граѓаните и да ги замајувате со закони кои не се потребни во овој момент, во состојба во која се наоѓа државата – вели Ибраимоски во писмената реакција.