Ибраими: Безпотребно е моето помилување од страна на Иванов

Од:

Членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, против кого е поднесена кривична пријава од страна на СДСМ за локалните избори во 2013 година, а кој сега со одлуката на претседателот Иванов е аболиран, денеска изјави дека неговото помилување е безпотребно и бескорисно.

dobivaj vesti na viber

– Одлуката за моето помилување и запирање кривична пријава за дело кое не постои, а немаме никаков одговор од Основното јавно обвинителство, ниту од Специјалното јавно обвинителство, е безпотребно и бескорисно затоа што не постои никакво кривично дело, рече Ибраими.

Тој додаде дека за кривичната пријава што е поднесена против него има дадено изјава пред Основното јавно обвинителство и пред Специјалното јавно обвинителство, за кое, како што рече, го почитува бидејќи е обвинителство формирано со закон.

Би можело да ве интересира

Ибраими: Најважна е победата на Струга ТЛ, се радувам и за головите

Мијалков и Ибраими спроведени во Затворот Скопје

Сандра Бошковска

Ибраими: Се сомневам во непристрасноста на судот, не се почитува објективноста и СЈО крие докази

Наум Локоски