Членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, против кого е поднесена кривична пријава од страна на СДСМ за локалните избори во 2013 година, а кој сега со одлуката на претседателот Иванов е аболиран, денеска изјави дека неговото помилување е безпотребно и бескорисно.
– Одлуката за моето помилување и запирање кривична пријава за дело кое не постои, а немаме никаков одговор од Основното јавно обвинителство, ниту од Специјалното јавно обвинителство, е безпотребно и бескорисно затоа што не постои никакво кривично дело, рече Ибраими.
Тој додаде дека за кривичната пријава што е поднесена против него има дадено изјава пред Основното јавно обвинителство и пред Специјалното јавно обвинителство, за кое, како што рече, го почитува бидејќи е обвинителство формирано со закон.