И зема 4.000 евра за да и „среди“ за пензија, па го снема

Од:

МВР информира дека вчера претпладне во 10 часот во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра.

Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето ѝ ветило дека може со пријатели од Скопје да направи таа да земе пензија.

Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 таа подготвила документација и во декември 2023 му ги дала парите.

Како што е пријавено, откако ги дала парите до декември 2024 година имале повремени контакти, по што престанал да одговара на нејзините повици и се посомневала дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он