И вечерва променливо облачно, на некои места и со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето денеска и во ноќните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд кој може да надмине 25 литри на квадратен метар, електрични празнења и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до 23 степени.

Од УХМР информираат дека најмногу дожд до 8:00 часот изутрината наврнало во Виница 18 л/м, во Тетово 15, во Крива Паланка 12, во Пожаране 7, во Берово 4, во Тополчани, Ѓуриште и Штип 3, во Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и  Куманово еден литар на метар квадратен.

Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, во западните делови со засилен западен ветер. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира и во следните денови ќе биде стабилно со значителен пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Облачно со локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он