СДСМ: И трет телевизор за рекламите на Груевски, над 1.000.000 евра досега!

Од:

„Груевски нема да остане на два телевизора тешки над 900.000 евра пари на граѓаните!

Никола Груевски планира и трет телевизор за неговите реклами!

Еве овој документ во прилог го покажува тоа.

tender 1.0 tender 1.1

Овој тендер ЗА ПЛАНИРАЊЕ каде да бидат поставени телевизорите влече уште 10.000 евра народни пари.

Со тоа сумата за телевизорите на Груевски досега се заокружува на неверојатни 1.000.000 евра!

tender 2.0

Не се знае дали и третиот ЛЕД екран ќе ги чини граѓаните над 500.000 евра.

Но јасно е дека ќе биде многу поголема од 1.000.000 евра.

Првиот телевизор за рекламите на Груевски ги чини граѓаните околу 340.000 евра.
Вториот ЛЕД екран за Груевски ги чини граѓаните фантастични над 520.000 евра.
Фантастична е и сумата за негова монтажа, дури 58.000 евра.
Во прилог се официјалните документи од Бирото за јавни набавки што го потврдуваат ова.

tender 3.0

Додека:
-1.000 рударски семејства месецов останаа без егзистенција
-Над 180.000 граѓани живеат со 40 денари на ден
-Примателите на социјална помош живеат со 22 денара на ден
-Над 500.000 граѓани на Македонија живеат на работ на сиромаштија

Никола Груевски ќе потроши над 1.000.000 евра за три телевизора!

tender 4.0 tender 4.1

Најскапите телевизори на светот нема да ја покријат реалноста дека Никола Груевски освен пари им одзеде и 10 години живот на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски