И се спрема разрешување на директорката за животна средина: Морачанин молчи, Владата не кажува дали предлогот ќе се разгледува денеска

Од:

Предлог за разрешување на Ана Петровска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина треба се најде на дневниот ред на седницата на Владата. Но засега, информацијата за него министрите ќе се изјаснат денеска, се чува во тајност. Портпаролите ниту потврдуваат, ниту демантираат. Неофицијално, разрешувањето и именувањето на нов директор е по барање на партијата ДОМ. „А1он“ ја исконтактира претседателката на партијата Маја Морачанин, која не одговараше на телефонските повици. Директорката Петровска, пак, не сакаше да коментира ништо се додека не помине седницата.

Од Владата пак, не кажуваат кои се причините за разрешување на Петрвоска. Тие наведуваат само дека кадровските решенија за државните инспектори се дефинираат низ разговори со коалиционите партнери.

„Согласно меѓукоалицискиот договор во Владата, позицијата директор на државниот инспекторат за животна средина е во политичка надлежност на партијата ДОМ. Владината коалиција при изборот на кадровски решенија се води исклучиво од интересот на граѓаните, од потребата за целосна функционалност на Владата како организациска и како политичка целина, како и одржувањето на парламентарното мнозинство преку споделување на одговорноста меѓу сите партии од коалицијата“, велат од Владата за „А1он“.

Инаку, кон крајот на мај, Ана Петровска беше разрешена од потпретседателското место на партијата ДОМ, кога и беше изгласана недоверба. Од тогаш, таа нема партиска функција. Ова дојде откако во ДОМ имаше иницијатива за одржување на вонреден конгрес, а со цел, како што тогаш објасни Петровска, да се зајакне демократијата во партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните