И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор тежок речиси милион евра за озвучување на отворен простор, осветлување на отворен простор, видео ѕидови, бина, конструкција за покривање бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка. Иако власта сака да претстави дека опремата е за симултан превод, симултан превод има најмалку, рече на прес конференција Јовица Јанковиќ од СДСМ.

– Со тендерот всушност власта купува скапа опрема за промоција и организирање на настани: озвучување, микрофони, видео ѕидови, шатори, дрон, камери, дим-машини, светлосни ефекти…. Со еден збор, целосна сценографија за кампања. Дали граѓаните со народни пари ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори? Оваа злоупотреба на народни пари мора веднаш да запре. Бараме итно поништување на овој договор и одговорност од сите инволвирани. Бараме итна реакција на Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство. Ова е класичен пример за предизборна злоупотреба на институциите и парите на граѓаните и мора да има одговорнос, вели Јанковиќ.

Претходно, со вакво обвинување излезе и Левица.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија