И Пустец гласаше за избор на директор во ООУ „Димитар Миладинов“?

Од:

Со 12 гласа “за“, Советот на општина Центар го задолжи градоначалникот Андреј Жерновски уште еднаш да ја испита целата состојба во ООУ “Димитар Миладинов“ и во случај на криминално гласање, да изгласа директор, да ги информира сите надлежни служби, а воедно да се поднесе кривична пријава за претседателот и членовите на училишниот одбор во училиштето што го спровеле двојното гласање.

Како што појасни членот на училишниот одбор, Владимир Мицоски, во училиштето настанала хаотична состојба за гласањето на нов директор бидејќи, како што рече, наместо секој член да има право на еден глас, еден член гласал за по двајца кандидати, или од деветте члена излегле 18 гласа.

Ова, рече Мицоски, е согласно уставно загарантираните и утврдени граѓански права, еден човек да има право на еден глас. За него, постапката за избор на директор е незаконска и криминално спроведена, со заплашување и вршење притисок врз членовите на училишниот одбор. Неговиот став и како што рече, состојбата во ова училиште е доставена и до МОН, амбасадите на Француската република, Руската федерација, САД, Република Турција, до Британскиот корпус и до УСАИД.
Ова, рече градоначалникот Жерновски, е истата ситуација како онаа со основното училиште “11-ти Октомври“.

“Не верувам дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги има само 100% од директорските позиции во училиштата. Се крие нешто поопасно. Училиштата се извонредна можност да се создаде хаос во општина Центар, а колатерална штета ќе бидат децата. Убеден сум дека директорите за ова имаат инструкции. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, ние колку и да се буниме, одлуката повторно ќе дојде во нивните институции. Образованието треба да биде надвор од политиката. Ќе Ве потсетам на изјавата на претседателката на Уставниот суд, која вчера рече дека прави преседан. Што правиме ние тогаш?“, праша Жерновски.

Сепак најави дека ќе се бори до крај, ќе разговара и со родителите, затоа што тие мора да знаат кој ова го прави.

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во своите дискусии тврдеа дека нема никаков хаос и дека нема причина за свикување на вонредна седница и дека со вчерашното гласање во училиштето не е прекршен ниту еден член од Законот за основно образование.

Сашо Трпески од ВМРО-ДПМНЕ, праша од каде е загриженоста за состојбата во основното училиште “Димитар Миладинов“, кога советниците не ги гласаат програмата и извештаите на училиштето.
“ВМРО-ДПМНЕ не само што ги краде и фалсификува изборите на државно и локално ниво, туку тоа го прави и во училиштата. Според кој закон еден човек има право на 2 или на 3 гласа? Вака ли ќе ги учиме децата? Дека со сила може да се освои и добие се’?“, праша советничката од СДСМ, Билјана Чурилова.

Советниците од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ никаде не дозволува демократски избори и прашаа дали и Пустец гласал во основното училиште “Димитар Миладинов“.

Раководителот на одделението за образование во општина Центар, Јагода Јанкоска, посочи дека намерно се создава хаотична состојба со изборот на директори и во други основни училишта и тоа само во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории