И пратениците со обезбедување?

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]
И пратениците со лично обезбедување од едно лице вработено во организационата единица за обезбедување на лица и објекти во Министерството за внатрешни работи. Ова е предлог на Изет Зекити и Фламуре Демири-Креци, пратеници од партијата на Руфи Османи.

Како што наведуваат во образложението на измените на „Законот за пратеници“, за кој ќе дебатира Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, пратениците се изложени на ризици преку работата во Собранието која се пренесува директно на селевизија.

„Сметаме дека особено по настаните што се случија на 24. декември 2012. година, се покажа дека собраниското обезбедување не може да ги заштити пратениците“, велат Зекири и Демири-Креци.

Не е објаснето во кои случаи ќе мора обезбедувањето да биде со пратеникот, дали 24 часа на ден или само кога се наоѓа во Собранието.

Претходно мнозинството изгласа на премиерот по престанокот на мандатот, поради одговорната функција која ја вршел и борбата со криминалот, да му следуваат 6 обезбедувачи и возач.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски